Ова не е првпат камерата да ги забележи нејзините падови. Последн пат тоа се случи во Лондон кога го скриши ножниост прст, а тогаш се правдаше дека брзала, а била на високи потпетици. Исто така, во септември минатата година Хилари ја придржуваа додека одеше кон автомобилот, а потоа е соопштено дека политичарката боледува од запаление на белите дробови.
Во октомври 2016 во текот на влегувањето во авион за Северна Каролина, Клинтон изгуби рамнотежа, а осум месеци подоцна во Јужна Каролина се сопна на скали додека беше во посета на поранешни затвореници и зависници.
Падот од 2013 година имаше тешки последици - во својот дом во Вашингтон доби потрес на мозок. Две години пред тоа, се сопна при влегување во авионот со кој леташе за Јемен.