Loading Video...
Спорт плус
4. January 2018 - 18:41

Хиршер победни на слаломот на „Сљеме“

 Марсел Хиршер е победник на слаломската трка во Светскиот куп во алпско скијање која денеска се одржа на „Сљеме“ крај Загреб. 
 
Австриецот до првото место стигна со одличниот настап во второто возење, надополнувајќи го заостанувањето зад сонародникот Михаел Мат од 22.стотинки по првата трка. Хиршер оствари вкупно време од 1:50,60 минути, што беше само за 5.стотинки побрзо од Мат. 
 
Покрај Хиршер место на пиедесталот имаше и за Норвежанецот, Хенрик Кристоферсен кој имаше 11.стотинки послабо остварување од победникот Хиршер. 
 
Токму овие тројца се на првите три позиции во генералниот поредок во оваа дисциплина, а сега лидер е Хиршер со само 9 повеќе од Кристоферсен, додека Мат на третата позиција. 
 
И во севкупниот поредок за Светскиот куп, лидер е Хиршер со 574 бода, додека Кристоферсон кој е на 2.место има 520