Живот
3. April 2017 - 21:53

Хирови на богатите: Кендимен секоја вечер спие со четири девојки

Тутунскиот тајкун Траверс Кендиман Бејнон откри дека секоја вечер спие со барем четири жени, а на неговата сопруга тоа ни најмалку не и пречи. 

Милионерот од австралискиот Златен брег живее во раскошен дом со Таша Бејон, со кој се ожени во 2011 година, девоката Ниша и своите четири деца. 

- Кога имате една девојка, тоа е една работа. Но кога ги има повеќе, толку многу ми се мота низ главата. Секоја вечер во просек имам во креветот четири девојки. Често не сум наспан. Времето во спалната соба не е време посвететно за мене, туку за девојките, изјави тој за списанието Ocean Road.

Таша за истото списание рече дека не и пречи да го дели сопругот со многу жени.

- Отсекогаш се тука други жени, некогаш живеат со нас неколку денови и си одат. Погледнете на социјалните мрежи, ќе видите дека девојките се фрлаат на него. Мене тоа не ми пречи, јас сум му жена. Тој има многу девојки, но само една жена, рече таа.