Тенис
20. September 2017 - 19:34

Хингинс: Го учев Федерар како се освојува трофеи

 
 
 
Накогаш најдобрата светска тенисерка Мартина Хингинс во интервју за „ЦНН“ изјави дека таа го научила Роџер Федерер да освојува трофеи, додека двајцата биле млади. 
 
- Секогаш кажувам дека го учев како да ја освои првата титула. Тогаш го освоивме и Сиднеј само едена недела подоцна. Имаше прекрасни моменти кои ги делевме. Сите знаеме што се случи потоа, изјавила Хингинс. 
 
Федерар заедно со Хингинс го освои првиот трофеј во Хофман купот во 2001 година. 
 
Мартина во тој период имаше многу поголемо искуство од Роџер, а својата доминација ја најави уште на 17 години, за веќе на 19 години Хингинс да има освоено пет Грен слем трофеи. 
 
Хингинс не криеше дека не и се допаѓа модерниот тенис. 
 
- Жалам што понекогаш не гледам повеќе разноврсност во играта, а помалку тактика и стратегија. Кога сте во можност да воспоставите контрола во мечот, е тогаш добивате повеќе разноврсност во играта. Понекогаш помислувам дека тоа е заборавено. Па, тенисот е само игра, потенцира Хингинс. 
 
Од тениските терени Марина Хингинс се повлеча со неполни 23 години.