Loading Video...
Свет
27. July 2016 - 17:19

Хилари Клинтон официјално номинирана за кандидат на демократите за претседател на САД

Демократската партија испиша историја номинирајќи ја првата жена кандидат за претседател на САД. Хилари Клинтон ја доби довербата на делегатите по три дневната конвенција во Филаделфија. Поделеноста на партијата заврши со јасниот повик до делегатите од  нејзиниот прелиминарен противкандидат Берни Сандерс – довербата да и се даде на Хилари Клинтон.

Солзи, емоции, слогани кои порачуваа дека за САД ова е историски момент ја исполнија салата на Демократската Национална конвенција. Сепак пред Клинтон стојат бројни предизвици во битката со веќе потвртдениот републикански кандидат Доналд Трамп. Дополнително и анкетите покажуваат дека 68 проценти од американците сметаат дека Хилари не е искрена и не може да и се верува.

За подобрување на нејзиниот имиџ на конвенцијата се потруди нејзиниот сопруг екс претседателот на САД Бил Клинтон откривајќи детали од нивната приватност.

Последните анкети покажаа дека битката ќе биде тесна – убедливото водство на Клинтон беше загрозено во изминатите денови- истражувањата на ЦНН и Ројтерс покажаа благо водство на Трамп а на останатите анкети Клинтон има само блага предност.