Фудбал
24. September 2017 - 11:09

„Хет-трик„ на Обемејанг во победата на Борусија Дортмунд од 6-1

 
 Пјер Емерик Обемејанг оствари „хет-трик“ во убедливата победа на Борусија Дортмунд против Борусија Менхенгладбах. 
 
„Милионерите“ од Дортмунд пред своите симпатизери славеа над Менхенгладбах во меч од 6.коло на Бундеслигата, 28-годишниот Французин беше стрелец на третиот, четвртиот и петиот гол. 
 
Претходно, Максимилиан Филип два пати се запиша во листата на стрелците, а шестиот гол за Дотмунд беше дело на Јулијан Вигл. 
 
За Босрусија ова беше петта победа сезонава со која стигна до 16 бодови, два повеќе од второ пласираниот Хофенхајм, односо три повеќе од шампионот Баерн Минхен кој во ова коло одигра нерешено против Волфсбург 2-2.