Свет
18. December 2017 - 8:41

Хернандес реизбран за претседател на Хондурас, опозицијата протестира

Претседателот на Хондурас Хуан Орландо Хернандес е победник на изборите што се одржаа на 26 ноември, соопшти доцна синоќа Изборната комисија на оваа централноамериканска држава.

Објавувањето на конечните резултати од изборите доаѓа по едномесечните протести организирани од приврзаниците на левичарскиот опозициски кандидат Салвадор Насрала, во кои досега беа убиени 17 лица. Насрала го обвинува Хернандес за изборен фалсификат. 

Според Изборната комисија, Хернандес освоил 42,95 проценти од гласовите, наспроти 41,41 проценти за Насрала. 

Насрала синоќа отпатува во Вашингтон со цел на претставниците на Стејт департментот и на Организацијата на американските држави да им ги презентира своите аргументи за тврдењата за изборен фалсификат.