Кошарка
1. August 2015 - 20:51

Хендрикс доаѓа на 5.август

Македонската кошаркарска репрезентација веќе неколку денови ги одработува подготовките за претстојниот Евробаскет, а селекторот Марјан Србиновски на располагање го нема Американецот со македонски пасош Ричард Хендрикс, чие доаѓање е одложено за 5.август.
Според соопштението објавено на интернет страницата на Македонската кошаркарска федерација, Хендрикс треба да се појави на 5.август во Македонија. Пролонгирањето на доаѓањето на Хендрикс како што стои во соопштението се семејни причини.
Македонија првиот контролен дуел ќе го одигра на 7.август во Охрид против Украина.