Бизнис
4. April 2017 - 20:37

Хеленик Петролеум: Со цевководот Солун - Скопје рафинеријата Окта може да стане регионален дистрибутивен центар

Рафинеријата Окта може да профункционира само како регионален дистрибутивен центар. Технологијата е многу стара и како што посочуваат од раководството на грчкиот Хеленик петролеум тие не планираат да го рестартираат производството. За нови инвестиции и вработувања во скопската рафинерија неопходно е да се пушти во употреба продуктоводот од Солун до Скопје. Оттука дизелот и другите нафтени деривати ќе се транспортираат во соседството.

Се чека на завршница на политичката криза во земјава за да почнат преговори со Владата.

Работни групи во Владата работеа на ова прашање но поради политичката криза која ја зафати земјава, се одложи решението.

Продуктоводот Вардакс не се употребува од 2013 година. Цевките се исчистени од транспортираната сурова нафта и се чека дозвола за работа. Во Окта се вработени околу 400 лица.

Според извештајот на Хеленик петролеум пред две години, групацијата задоволува 65 отсто од потребите на македонскиот пазар. Најголема количина на нафтени продукти се извезува во Македонија.