Loading Video...
Свет
5. September 2017 - 20:10

Хејли: Време е за најстроги санкции против Северна Кореја

Советот за безбедност на Обединетите нации одржa вонредна седница, по шестиот најголем нуклеарен тест на Северна Кореја. Амбасадорката на САД во ОН Ники Хејли, изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун „моли за војна“, и предупреди дека САД немаат неограничено трпение.Taa побара  Советот за безбедност итно да воведе  најстроги можни мерки за Северна Кореја .Хејли најави дека САД ќе обезбедат нова предлог-резолуција за можни санкции, со цел Советот да преговара оваа недела. Хејли се надева дека за неа ќе може да се гласа веќе следниот понеделник.