Џет-Сет
25. November 2016 - 11:42

Харис очаен: Татко му забрани да живее со Рада, еве и зошто!

Популарните пејачи Рада Манојловиќ и Харис Берковиќ одлучиле да започнат заеднички живот, но сето тоа се обидува да го спречи Мирсад Берковиќ, таткото на Харис. Мирсад не му дозволува на својот син да се пресели во Белград кај Рада.
 
- Харис му соопшти на татко му дека планира заеднички живот со Рада и веднаш наста хаос. Мирсад му рече дека го нема неговиот благослов и дека е премногу млад за таков чекор. Долго време се расправаа, Мирсад не попушта, а Харис не сака да се замери со семејството, ниту пак да ја изгуби својата љубов, - изјавил соговорникот на српски „Курир“.
 
Тој дури и предложил на Рада да живеат во Босна, но за тоа пејачката не сака ни да размислува.
 
- Младиот пар се уште добро ги поднесува притисоците од семејството на Харис, но не знам колку долго ќе издржат. Мирсад Берковиќ е навистина упорен, - завршува изворот.
 
Мирсад Берковиќ пред еден месец изјави дека нема ништо против врската на неговиот син со повозразната колешка, но очигледно неговото мислење се променило.
 
- Немам ништо против нивната врска. Млади се, кој знае што уште ќе се случи. Им посакувам се најдобро, - изјави тогаш Мирсад за српски „Курир“.