Харадинај сослушан, одлуката за екстрадиција на 9 февруари
Претседателот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, кој порано беше обвинет и ослободен од Хашкиот трибунал, денеска е сослушан пред францускиот суд, а рочиштето на кое ќе биде одлучено за неговото евентуално екстрадирање ќе биде одржано в четврток, на 9 февруари, јавија приштински медиуми.
Повикувајќи се на адвокатот на Харадинај, Арианит Коци „Зери“ пишува дека одлуката за евентуално испорачување на Србија ќе биде донесена следната недела, поточно на 9 февруари.
Харадинај, кој моментално се наоѓа на условна слобода во Франција до одлуката за негово испорачување во Србија изјави вчера дека верува оти Судот следната недела ќе го заврши неговиот случај и ќе му овозможи враќање во Косово.
Харадинај е уапсен на 4 јануари на границата на Швајцарија и Франција по потерница издадена од Србија.
Истрагата против Харадинај е покрената во 2004 година, судено му е во Хашкиот трибунал за воени злосторства, а во 2012 година е ослободен од сите обвиненија.
Србија го бара Харадинај поради сомнение дека извршил кривични дела, воени злосторства против цивилното население на Косово во текот на 1998 и 1999 година, а станува збор за дела, кои според Белград, не биле предмет на судењето во Хаг.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак