-->
-->
Харадинај најавува формирање армија на Косово преку уставни измени
-->
Kосовскиот премиер Рамуш Харадинај нагласи денеска дека Владата ќе се обиде да ги трансформира силите за безбедност во државата во редовна армија преку уставни измени. Тоа ќе биде направено за да се одговори на барањата на меѓународните партнери, наведе тој.
За време на посета на главниот штаб на силите за безбедност на Косово, Харадинај денеска изјави дека „ние треба да дадеме уставен мандат за идната армија“.
Претседателот Хашим Тачи под притисок на НАТО и САД претходно повлече нацрт закон со кој требаше да се заврши трансформацијата на силите за безбедност. Нацрт законот „бара“ само мнозинство гласови во парламентот додека измените на Уставот треба да ги поддржат и претставниците на етничките Срби и останатите малцинства.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност