Балкан
11. јуни 2017 - 10:15

Харадинај: Излезете да гласате и одлучете за својата иднина

Лидерот на Алјансата за иднината на Косово,Рамуш Харадинај,кој е номинран за иден премиер од коалицијата на неговата со Демократската партија и Иницијативата за Косово, гласаше утрово во Приштина.

По гласањето тој ги повика граѓаните да излезат  да гласаат и да одлучат за нивната судбина.

- Упатувам апел до граѓаните да излезат и да гласаат...гласот има знаење и денешната одлука има своја тежина, посочи Харадинај.

Гласањето, со одредени мали проблеми,почна во седум часот, а гласачките кутии ќе бидат затворени во 19 часот.

На предвремените парламентарни избори право на глас имаат над 1,8 милиони Косовци кои со дадениот глас одлучуваат за новиот 120-член законодавен дом.