Харадинај гласаше и ги повика граѓаните да го остварат своето право на глас
Косовскиот премиер и лидер на Алијансата за индината на Косово, Рамуш Харадинај, откако го оствари своето право на глас, ги повика граѓаните во општините каде се спроведува вториот круг од локалните избори, што помасовно да излезат да гласаат.
- Ги повикувам сите граѓани во општините каде се спроведува вториот круг на гласање за градоначалници да излезат што помасовно, да гласаат и да не го занемаруваат процесот. Значењето да се излезе на гласање е многу големо. Косово го чека многу работа. Оние кои ја преземаат одговорноста, треба да го имаат легимитетот на граѓаните, рече Харадинај.
Во Косово денеска се спроведува вториот круг од локалните избори за градоначалници. Од 38 општини се гласа во 19, во кои во првот круг не беа избрани градоначалници на 22 октомври. Во општина Партеш има прегласување.
Според портпаролот на Централната изборна комисија, Валмир Елези, до 11 часот од вкупно запишанте 1.353.680 граѓани со право на глас, гласале 89.472 или 6,9 отсто.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата