Балкан
22. November 2017 - 12:14

Харадинај бара меѓународна арбитража за границата со Црна Гора

Сегашната визија на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора не е прифатлива и верувам дека таа нема да добие двотретинско мнозинство во косовскиот Парламент, нагласи премиерот на Косово Рамуш Харадинај. 

Тој изрази надеж дека Приштина и Подгорица ќе се договорат за меѓународна арбитража за утврдување на границата. 

- Сегашната визија за демаркацијата нема да ги има потребните гласови. Таа го отвора патот за меѓународна арбитража или преговори за нов договор со Црна Гора, посочи косовскиот премиер.