Македонија
19. August 2017 - 17:28

Хаосот со такси превозот во Охрид и Струга продолжува

Повторно хаос со такси превозот во двата крајезерски града.И оваа сезона по традиција најголемиот број на поплаки од страна на охриѓани ,стружани и туристите се однесуваат на несовесните и дивите таксисти кои наплаќаат по сопствена волја или пак избегнуваат да возат на кратки релации.Граѓаните постојано на социјалните мрежи посочуваат за своите искуства како биле одбиени и покрај тоа што биле претоварени или пак со мали деца бидејќи живеат во стариот дел на градот или пак во некоја од населбите во непосредна близина.Туристите пак кои имаат негативно искуство користат јавен превоз. Надлежните најавија дека инспекциските служби работат на терен и апелираат таксистите одговорно да си ја извршуваат својата дејност .

Од ХОТАМ бараат таксистите да бидат униформирани и лоцирани на посебни паркинг места бидејќи клучен проблем е пренатрупаноста во одредена локација.

Инаку туристичките работници предлагаат покрај таксистите и кајчарите да бидат униформирани да имаат истакнати беџови со име и презиме и ценовник за различни релации.