-->
-->
Хаос во тетовска кафеана, гостинка кршела чаши, гостин пукал во обезбедувањето, еден повреден
-->
Ноќеска во 00.20 часот во Тетово, пред угостителски објект лоциран на ул.„Дервиш Цара“, И.А (40) од село Мала Речица испукал два куршуми, и го повредил М.А (35) од село Гајре, Тетово нанесувајќи му прострелна рана на левата потколеница. Од страна на СВР-Тетово излезено е на лице место и од разговор со очевидци на настанот дознаено е дека вечерта во објектот имало организирано жива музика, и околу 00,20 часот во објектот женско лице почнало да крши чаши при што од страна на обезбедувањето на објектот биле преземени активности да ја отстранат надвор од објектот. Во тој момент И. А станал од масата започнал расправија со обезбедувањето и физички ги нападнал, при што обезбедувањето го отстранило надвор од објектот. Во тој момент И.А паднал на асфалтна површина, извадил пиштол се доближил до обезбедувањето и испукал еден куршум во воздух.
Обезбедувањето се обиделе да го спречат во намерата но, тој испукал уште еден куршум нанесувајќи му прострелна рана на левата потколеница на М.А. кој бил пренесен во Медицинскиот Центар во Тетово, и по укажана лекарска помош е пуштен на домашно лекување. Од страна на полициски службеници на лице место се пронајдени две чаури од испукани куршуми, и од И.А е одземен пиштол модел „57 ТТ црвена застава“ калибар 7.62мм .
И.А е приведен во СВР-Тетово и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња