Фудбал
13. December 2017 - 21:59

Хаос на „вечното“ дерби: Лекарите се борат за животот на еден навивач на Партизан

Српското дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда донесе голем инцидент на јужната трибина на стадионот на „Хумска“, каде вообичаено се најжестоките навивачи на „црно-белите“.
 
Медиумите пренесуваат дека се работи за тепачка во која настрадале и членовите на една фракција на „Гробарите“. Колку сериозна била ситуацијата покажува што дел од фановите биле спасувани од специјалната полиција, а еден е во болница и лекарите се борат за неговиот живот.