Свет
18. јуни 2017 - 20:05

Хаос на геј парадата: Десничарите ги претепаа учесниците, полицијата ги апсеше

Над 2.000 лица денеска учествуваа на геј парадата во Киев која се одржа под строги мерки на безбедност.

Најголем дел од центарот на Коев беше блокиран од кордони полиција, а околу 5.000 полицајци беа на должност на настанот кој обично е мета на напади на ултранационалисти.

ww.

Портпаролот на полицијата Оксана Блишчик напиша на Фејсбук дека на парадата учествувале околу 2.500 луѓе. Тие се шетали со знамињата со виножито и со транспаренти.

Контрамитингот на неколку стотици ултранационалисти се заврпи со неколку тепачки и седум апсења, пренесоа локалните медиуми.