Балкан
26. April 2017 - 16:05

Ханес Свобода: Западен Балкан не треба да биде заборавен при формирањето на „нова Европа“

Државите од Западен Балкан не треба да бидат заборавени во создавањето на „нова Европа“ изјави членот на управниот совет на Центарот за демократија и помирување во ЈИЕ, Ханес Свобода.

Во интервју за порталот Јуропиан Вестерн Болканс, тој истакнува дека Берлинскиот процес дава потребен стимул за напредок на Западен Балкан и додаде дека обединувањето на Европа не е целосно без Западен Балкан.

– Тоа би требало да даде надеж и самоувереност на граѓаните на Западен Балкан без да создава илузии, дека патот кон ЕУ ќе биде лесен и брз, истакнува Свобода.

Европратеникот вели дека модерната демократија не се состои само од слободни и фер и збори туку и потребна е критика од цивилното општество кое набљудува, следи и коментира за работата.

Во врска со состојбата со демократијата на Западен Балкан, Свобода вели дека ЕУ се покажале неспособни да ги заштитат вредностите внатре во Унијата и тоа ги ослабело позициите кај политичарите во државите кандидати за членство.

– Треба да е јасно дека борбата за почитување на човековите права треба да биде организирана пред се од самите тие држави, смета Свобода. Тој вели дека ЕП треба отворено да зборува за погазувањето на правата на човекот и малцинствата.