Балкан
28. September 2017 - 11:14

„Ханделсблат“: Доаѓаат тешки времиња за Грција

- Германскиот економски весник „Ханделсблат“ прогнозира „тешки времиња“ за Грција по парламентарните избори во Германија, бидејќи  либералната Слободна демократска партија (ГДП), која освои 10,7 проценти од гласовите, во предизборната кампања јасно даде до знаење дека нема да ја поддржи новата финансиска помош за Атина. 

Весникот оценува, дека ако Берлин формира коалиција од конзервативци, либерали и зелени, бидејќи се подготвуваат преговори за тоа, нештата за Грција ќе бидат многу тешки. 

Заканите на либералите видно влијаат на Атинската берза, која вчера забележа пад на акциите од 1,7 отсто.