Македонија
21. November 2017 - 16:16

Хан: Законот за употреба на албанскиот јазик не е европски приортет

Евркомесарот Хан  на вториот ден од посетата на Скопје повторно потенцираше дека Владата  но и другите политички фактори треба да се фокусираат на законите од сферата на правосудството, разузнавањето и јавната администрација, како приоритени за добивање позитивна препорака од ЕУ. 

Законот за употреба на албанскиот јазик не е европски  приортет, истакна тој по вчерашната средба со премиерот Заев.

-Законот за јазиците не е дел од она што е договорено во контекст на условите што се релевантни за добивање позитивна препорака. Сега е важно да се работи на она што треба итно да се сработи, а ако може и законот за јазиците, во ред. Приоритетите се дефинираат според националните интереси“, порача Хан на заедничката прес конференција со Заев.

Еврокомесарот не сакаше  многу да коментира околу спорот со Грција  за името,но ги поздрави  контактите мегу двете страни .

-Политичарите се избрани да наоѓаат решенија и да прават добри компромиси, порача Хан .

Доколку бидат  усвоени приоритетните закони,  Хан очекува позитива препорака во февруари, а се надева дека преговорите би можеле да почнат следната година  .  По разговорите со власта и опозицијата , еврокомесарот вели дека е уверен во нивната посветеност на европската перспектива.