Хан: Законот за јазици е разумно барање, но не е еден од приоритетите на Брисел
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека законот за јазици е мошне разумно барање, но напомена оти тој не е дел од приортетите на Брисел, што во моментов се бараат од Македонија на патот на нејзината интеграција во Европската унија.
Хан денеска во Скопје на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев рече дека македонските власти мора да ги означат приоритетните области за кои ќе добијат позитивни оценки од Брисел.
Тој напомена дека законот за јазици минува низ собраниската процедура и оти тој е усвоен во прва фаза, врз основа на неформалните препораки од Венецијанската комисија, но додаде дека во моментов е важно Владата да се фокусира на законите и на исполнување на условите за добивање на позитивна препорака.
- Законот за јазици не е дел од она што е договорено во овој контекст, но уште еднаш ќе кажам дека во Брисел за залагаме фокусот да се стави на приоритетите, ако ова прашање може да се реши во такви услови во ред, ако има потреба да се дефинираат приоритетите, тогаш тие треба да се дефинираат според националните интереси.
Ново на Сител
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии