Хан: Во понеделник доаѓам во Скопје да дадам поттик на реформите
Еврокомесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, според најавите в понеделник (26 јуни) ќе ја посети Република Македонија на разговори околу плановите за реформи на новата македонска Влада, како и да ја повтори поддршката на Европската унија за земјата да ги спроведе неопходните реформи за во иднина да стане членка на Унијата, јави допосникот на МИА од Брисел.
Според денешното соопштение на Европската комисија, предвидено е Хан при посетата на Скопје да се сретне со премиерот Зоран Заев, со други претставници на новата Влада и со останатите политички лидери во земјата.
Во изјава дадена пред неговото доаѓање во Македонија, Хан посочи дека ја посетува македонската држава за да даде поттик на спроведувањето на реформите што Брисел очекува да бидат спроведени во брз рок, а со цел да се врати на патеката за евро-атлантската интеграција.
- Со континуираната поддршка на Европската унија, земјата конечно ја надмина политичката криза преку добро администрираните избори и формирањето на новата Влада. Сега, новата Влада, заедно со опозицијата, треба да се фокусира на спроведувањето на Итните реформски приоритети и на целосно спроведување на договорот од Пржино, со цел да се врати земјата на патот кон интеграцијата во ЕУ. Реформите мора да се направат за да се подобрат животите на луѓето, да се работи за стабилност, просперитет и правда. Задолжена група на независни високи експерти за владеење на правото, предводена од Рајнхард Прибе е веќе во земјата за да и помогне и да ја советува новата Влада за прашањата на системското владеење на правото, изјави комесарот Хан пред неговото доаѓање во Македонија.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка