Македонија
24. April 2017 - 20:54

Хан: Разочаран сум и вознемирен од запаливите изјави на некои лидери на Балканот

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, денеска изјави дека е разочаран и вознемирен од запаливите изјави на некои политички лидери на Балканот кои според него може да се сметаат за мешање во соседните земји. По средбата што ја имаше со српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во Брисел, Хан ги нарече таквите изјави неприфатливи, непотребни и контрапродуктивни.

- Би сакал да ја искористам оваа можност да го изразам моето разочарување и вознемиреност од запаливите изјави на некои лидери ово регионот. Таквите изјави, кои може да се сметаат и за мешање во соседните земји, што имплицира промена на границите се неприфатливи и се повеќе од непотребни и контрапродуктивни

Овој став на комесарот за преговори за проширување на Европската унија се однесува на изјавите на албанскиот премиер Еди Рама и на претседателот на Косово, Хашим Тачи, дека без јасна иднина во Европската унија, овие две држави на Балканот би можеле да се соединат во една земја.

А, појаснувајќи што мислеше со неговата изјава за коментарите на Рама и Тачи, комесарот Хан додаде дека е невозможно лидерите на Албанија и Косово да мислат дека со таквата реторика може да направат притисок врз Брисел за побрза интеграција на регионот во Европската унија.

Најпрво, ако некој верува дека такви изјави може да направат притисок на нас, тоа ќе биде голема грешка, бидејќи ова може лесно да му се врати како бумеранг на тој што ја испраќа таквата порака. Треба да се знае дека Европјаните имаат силен интерес од мир, стабилност и просперитетот во регионот. Ова може да се постигне преку добрососедски односи, ако сите работат заедно и придонесуваат на понатамошен развој во регионот. Во принцип, ова се покажа на состанокот на премиероте во Сараево и треба да им биде водич на сите секој ден. Затоа, ургирам до сите да се воздржат од ваква реторика. Исто така, имаше повеќепати одлуки и заклучоци меѓу лидерите на земјите, за да се подржат едни со други на нивната цле а се приклучат на ЕУ и ова треба да с епочитува. Не само да се почитува, туку и да се следи од сите.