Македонија
15. October 2016 - 16:06

Хан порача: СЈО да работи непристрасно и професионално

Катица Јанева да се однесува професионално. Силна порака од комесарот Хан по вчерашната посета на Македонија.

Хан по средбите со лидерите на партиите потписнички на Договорот од Пржино, граѓанските асоцијации и новинарските здруженија потенцираше дека има значително подобрување на состојбата со медиумите кои се на висина на својата задача.

Хан констатираше дека спроведените реформи, може да гарантираат кредибилни избори во декември

Седницата на која треба да се разгледа иницијативата за распуштање на Собранието е закажана за в понеделник како втора точка на дневен ред, по расправата за донесување на Буџетот.