Хан ќе ја состави широката Влада во Скопје?
Колкави се шансите еврокомесарот Јоханес Хан во Скопје да дојде со цел да ја формира широката владина коалиција и на тој начин да стави крај на кризата.
По денешната средба на потпретседателите на СДСМ и ДУИ, актерите излегоа со усогласени изјави дека практично ништо не договориле односно станува збор за првични разговори.
„Вие сте свесни дека ова не беше долга средба, за сите прашања ќе дискутираме со нашите потенцијални коалициони партнери и за сите прашања ќе ја известуваме македонската јавност. Ова е прва средба, тоа значи дека информациите кои беа присутни во јавност штотуку не се договорило се, не беа точни така што денеска на првата ваква средба тешко е да даваме прогнози меѓутоа велам целта ни е заедничка, средбите ќе продолжат тогаш кога дискусиите ќе завршат во рамки на двете политички партии.“ – изјави Шеќеринска.
Арифи само ги повтори оние изјави кои ДУИ константно ги дава во послдните неколку дена.
- Јавноста е запознаена со нашите барања, реализирање на скопскиот договор во однос на прашањето за Специјалното јавно обвинителство исто така прашањата кои се поврзани со реализација на Охридскиот договор и интеграција во Европската Унија и НАТО заедно со целосната еднаквост на Албанците тука - рече Арифи.
Интересно е што денеска беше потврдена и информацијата дека комесарот Хан доаѓа во Македонија во четврток. Ако се имаат предвид серијата изјави од ЕУ во кои некои аналитичари протолкуваа барање за формирање на широка коалиција во која би учествувале сите партии, посетата на Хан на која средбите со лидерите се ставени на маргините никој не може да исклучи дека ќе се врши притисок за ваков излез од кризата.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.