Свет
16. December 2017 - 22:08

Хан: ЕУ повторно мора да го покрене процесот на проширување

Следната година ќе биде клучна во процесот за пристапување на земјите од Западен Балкан, изјави еврокомесарот за добрососедска политика и проширување Јоханес Хан на грчкиот институт „Еленска фондација за европска и надворешна политика“.

Тој во вчерашниот говор истакна дека 2018 година ќе биде клучна година за промоција на пристапивањето во ЕУ на Западен Балкан.

- Европската унија повторно мора да го покрене процесот на проширување со тоа што ќе ги убеди земјите-членки на Унијата дека европската интеграција е во интерес на двете страни.