Балкан
26. August 2017 - 22:00

Хан до Иса Мустафа: Итно да се формира проевропска влада

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан на својот Твитер налог упати порака до косовскиот премиер во заминување Иса Мустафа дека Брисел очекува итно да биде формирана влада во Приштина.

„Итно е формирањето на нова проевропска, стабилна и реформска влада во Косово“, напиша Хан.