Македонија
25. July 2016 - 16:22

Хан бара целосна реализација на договореното без одлагање

Евркомесарот за проширување, Јоханес Хан очекува материјализирање на политичкиот договор од 20 јули ибрза и целосна имплементација. Тоа Хан му го пренел на македонскиот вицепремиер за евроинтеграции, Арбар Адеми на неформалниот состанок на министрите за европски прашања во Братислава.

- Добрите вести за постигнатиот политички договор во Македонија сега треба да се материјализираат преку целосна имплементација на договореното, без одлагање, бил советот на Хан, кој оценил дека во последните неколку недели има сериозен напредок во процесот на евроинтегации .

Вицепремиерот Адеми, како што соопштува неговиот Кабинет, потенцирал дека постигнатиот политички договор е несомнено позитивен чекор во насока на смирување на политичката криза во земјата, но дека во овој момент е круцијална целосната имплементација на договореното.

Вицепремиерот Адеми го информирал Хан, подетално за планираните  и преземени чекори во последните неколку денови

- Во однос на европските перспективи за земјата и годинашниот извештај кој треба да биде објавен од страна на Европската комисија, вицепремиерот Адеми истакна дека од исклучителна важност е документот да го рефлектира позитивниот развој кон конечно разрешување на политичката криза и да ја врати кредибилноста и довербата во процесот, пред одржувањето на парламентарните избори. Вицепремиерот Адеми нагласи дека за Македонија нема друга алтернатива освен целосна интеграција во Европската унија и за друга алтернатива не се размислува, стои во  соопштението од Секретаријатот за европски прашања.

Инаку, на состанокот во Братислава, Словачка како прфетстедавач со Унијата потенцирала дека проширувањето останува во фокусот на Европската Унија.