Балкан
23. April 2017 - 14:57

Хан апелираа до Албанија за брзо затворање на прашањето за имотот на малцинствата

Еврокомесарот за проширување  и соседска политика Јоханес Хан апелирал до Албанија што побрзо да ја затвори процедурата за враќање и компензација на имотот на малцинствата.

Во одговор на прашањето на потпретседателот на Европскиот парламент Димитрис Пападимоулис, во врска со проблемот околу имотот на малцинствата во Албанија, прашање кое е опфатено во последниот извештај за Албанија, Хан наведе дека „овој процес не е гарантиран“.

 Според Хан, Брисел од блиску го набљудувал процесот на подготовка на законот за заштита на малцинствата и оти овој процес опфаќа политички консултации, како и помош од меѓународна техничка експертиза.

Грчкиот европратеник  се задржал и на прашањето на слободата на изразување, борбата против корупцијата и организираниот криминал во Албанија,слободата на медумите, како и заштитата на поединците, локалните заедници и малцинствата од нетранспарентните одлуки во Албанија.