-->
-->
Хампитон пред Фетел на стартот на шпанското Гранд при
-->
Британецот Луис Хамилтон ќе започне од полпозицијата на утрешната трка во Формула 1 шампионатот која ќе се вози за Големата награда на Шпанија.
Возачот на Мерцедес денеска оствари најдобро време во квалификациите возени на патеката крај Барселона. Веднаш зад Хамилтон трката ќе ја започне Германецот Себасијан Фетел на Ферари.
И во вториот стартен ред Мерцедес ќе биде пред Ферари, и тоа двајцата Финци,
Валтери Ботас пред Кими Раиконен.
Возачите на Ред Бул, Макс Верштапен и Даниел Рикјардо, шпанското Гранд при ќе го започнат од третиот ред.
Пред утрешната трка во Генералниот пласман водечки е Себастијан Фетел со 86 бодови, пред Луис Хамилтон кој има 73, а по нив следуваат Валтери Ботас 63, Кими Раиконен 49.
Стартот на утрешната петта трка во Формула 1 шампионатот е во 14 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море