Ф1
5. September 2017 - 11:15

Хамилтон се интересира за состојбата на Шумахер

Луис Хамилтон триумфираше викендов во Монца но и  го сруши рекордот на легендарниот  Шумахер со 69. пол-позиција. Германецот не е појавен  во јавноста од падот при скијање во декември 2013, кога доби сериозни повреди на главата, а неговото семејство прави се што е можно да спречи било какви информации за него.
 
„Би сакал да зборувам со неговата сопруга и да видам како одат работите. Времето ќе покаже“, вели Хамилтон.
По квалификациите во Монца, семејството прати порака до Хамилтон преку поранешниот шеф на Мерцедес и Ферари, Рос Браун.
 
„Тие сакаа да му честитаат за израмнувањето на рекордот на Михаел. Како што Михаел секогаш велеше - рекордите се тука да се рушат“, изјави Браун.
Хамилтон го замени Шумахер во тимот на Мерцедес во 2013 година, откако легендарниот Германец замина во пензија.