Ф1
30. јуни 2015 - 22:06

Хамилтон прв во Канада

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на трката за Големата награда на Канада, седма од Шампионат во Формула 1.
 
За Британецот ова беше третата победа сезонава и вкупно 37. во кариерата.
 
Неговиот клупски колега Нико Розберг заврши на второто место, а трет беше Валтери Ботас од Вилијамс.
 
Следуваат двата возача на Ферари, Кими Раиконен како четврто пласиран и Себастијан Фетел – петто место.
 
Бодови освоија и Фелипе Маса (Вилијамс), Пастор Малдонадо (Лотус), Нико Хулкенберг (Форс Индија), Данил Квајт (Ред Бул) и Роман Грожан (Лотус).
 
Следна трка во Шампионат во Формула 1 е на 21 јуни за Големата награда на Австрија.
 
Генерален пласман: Хамилтон 151 бод, Розберг 134, Фетел 108, Раиконен 72, Ботас 57,...