-->
-->
Хамилтон најдобро се снајде на стартот во Сингапур
-->
Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон запиша уште една победа сезонава во формула 1 откако го освои првото место на трката за Големата награда на Сингапур. Ова за него е вкупно 60.та победа во кариерата. Сепак, трката беше решена на стартот кога возачите на Ферари Себастијан Фетел и Кими Раиконен останаа без пласман по сударот во кој учествуваше и Макс Верстапен од Ред Бул на влажната патека.
Во таква ситуација без Фетел, кој ја имаше пол позицијата Хамилтон и немаше проблеми да стигне до првата позиција на патеката „Марина Беј“.
Второт место го освои Даниел Рикардо од Ред Бул, а трет заврши вториот возач на Мерцедес Валтери Ботас.
Во генералниот пласман води Хамилтон со 263 поени, пред Фетел со 235 и Ботас со 212. Кај кострукторите на првото мест е Мрецедес со 475 поени, Ферари има 373.
Следната трка се вози на 1.октомври за Големата награда на Малезија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште