-->
-->
Хамилтон најбрз на патеката Каталуња
-->
Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон триумфираше на трката за Големата награда на Шпанија. Тој со подобра тактика успеа да стигне до победничкиот пехар откако во 44.круг го мина Себастијан Фетел од Ферари.
Инаку, Фетел имаше лидерско место откако откако во првиот круг успеа да го мине Хамилтон.
Другите два болида на Мерцедес и на Ферари не ја завршија трката. Раиконен (Ферари) во првиот круг имаше судар со Макс Ферстапен, а Валтери Ботас (Мерцедес) се откажа во 38.круг поради проблем со моторот.
Третото место го освои Даниел Рикардо од Ред Бул, а зад него се пласираа: Серхио Перез, Естебан Окон, Нико Хилкенбург.
Во генералниот пласман во водство е Фетел со 104 бодови, пред Хамилтон со 98 бодови. На третата позиција е Ботас со 63, а на четвртото место е Раиконен со 49.
Следната трка ќе се вози на 28.мај во Монте Карло за Големата награда на Монако.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи