Фудбал
26. September 2016 - 13:25

Хамбургер си пронајде тренер

Фудбалскиот клуб Хамбург, во понеделникот, го постави Маркус Гисдол за нов шеф на стручниот штаб.
 
Гисдол е поранешен тренер на Хофенхајм (април 2012-октомври 2015), а со клубот од Хамбург потпишал договор до крајот на сезоната.
 
Раководството на Хамбург, во саботата, му врачи отказ на Бруно Лабадија, кој со тимот во првите пет кола успеа да освои само еден бод.