-->
-->
Хамбарџумјан: Долго ќе го паметам мојот 100-ти меч во дресот на Вардар
-->
Ховханес Хамбарџумјан е уште еден фудбалер на Вардар, кој што влезе во одбраното друштво во „клубот 100“. Тој против Академија Пандев го одигра својот јубилеен стоти официјален натпревар во дресот на „црвено-црните“.
Јубилејот Ерменецот кој е дел од Вардар од летото 2014 година го прослави со два ефектни гола на вчерашниот меч против Академија Пандев кој вардарци го добија со 3-1.
„Се чувствувам одлично. Секој фудбалер посакува еден ваков јубилеј, а мојот 100-ти натпревар ќе го паметам уште долго. Затоа што постигнав два убави гола. Мислам дека тоа е заслуга на целиот тим, а уште поважно е тоа што успеавме да победиме во тој натпревар и да освоиме три бода. Навистина ми е драго што на крајот се излезе како што треба за мене и за екипата“, изјави Хамбарџумјан
Покрај јубилејот Ерменецот, долго ќеги памети и својот деби меч против Пелистер, како и дуелите против Фенербахче изминатово лето по кои црвено-црните забележаа историски пласман во групната фаза во Лига Европа.
„Од другите натпревари, во првенството ќе ми остане во сеќавање првиот натпревар и моето деби во дресот на Вардар против Пелистер. Секогаш некако првите натпревари се паметат, веројатно кај секој играч е тоа така. А, од меѓународните натпревари, дефинитивно мечот со Фенербахче кога обезбедивме пласман во групната фаза од Лигата на Европа. Прво тој домашниот меч после кој се стекнавме со добра предност, и потоа реваншот во Истанбул. Бевме малку резервирани после случувањата на мечот со Копенхаген, но верувавме во себе. Таква шанса не смееше да се испушти, и ние успеавме да ја искористиме и на клубот да му донесеме историски успех“, дополни Хамбарџумјан.
Во 100-те одиграни средби во дресот ма Вардар, 27-годишниот Хамбарџумјан има постигнато вкупно 13 голови
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак