Свет
30. November 2017 - 13:15

Хаг: Ќе се изврши обдукција на телото на Слободан Праљак

Хашкиот трибунал денеска соопшти дека ќе биде извршена обдукција врз телото на Слободан Праљак, кој вчера изврши самоубиство испивајќи отров во судската сала на Трибуналот.

Обвинителот Франс Зоневелд рече дека не е прецизирано кога точно ќе се изврши обдукцијата.

Хрватскиот генерал Праљак, откако вчера му беше изречена пресудата од 20 години затвор, испи отров, по што подоцна почина во болница.