Фудбал
7. March 2016 - 13:05

Гвардиола бара 100 милиони за засилувања?!

Пеп Гвардиола, кој по завршувањето на сезоната ќе го преземе Манчестер Сити, според англиските медиуми за засилувања ќе добие околу 200 милиони евра, а најверојатно прво ќе прави целосна реконструкција на дефанзивната линија во тимот.
 
Наголемо се шпекулира дека Гвардиола е подготвен да потроши околу 100 милиони евра за нови дефанзивци, а први на неговата листа се Џон Стоунс и Ајмерик Лапорт.
 
Играчот на Евертон, Стоунс е најталентираниот англиски фудбалер, а неговиот тим во летниот преоден рок три пати ги одбиваше понудите на Челзи. Последната понуда која Челзи ја испрати за дефанзивецот изнесуваше околу 40 милиони евра.
 
Лапорт е 21-годишен француски фудбалер кој го носи дресот на Атлетик Билбао, неговата цена не е пониска од 30 милиони евра, а наводно за неговите услуги е заинтересирана и Барселона.