Свет
23. April 2017 - 17:29

Гутереш го поздрави Асад по повод 71-годишнината од независноста на Сирија

Претседателот на Сирија, Башар ал Асад доби телеграма од генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во која тој ја поздравува сириската Влада и народот по повод 71-годишнината од независноста на Сирија, соопшти канцеларијата на Асад. 

- На почетокот на годината повикав за зацврствување на мирот во целиот свет, на тоа кон кое се стреми целото човештво во името на прогресот и благосостојбата, на вредностите, содржани во Декларацијата на Обединетите нации, се наведува во пораката на Гутереш.

- Се надевам дека земјата ќе даде свој ефикасен придонес во зајакнувањето на ОН и во заедничките напори за заштита на мирот, развојот и човековите права, додаде Гутереш. 

На 17 април Сирија ја одбележа 71-годишнината од независноста. Во меморијалниот комплекс во планината Касуон покрај Дамаск се одржа свечена церемонија за Денот на евакуацијата на француските и британските колонијални воени сили.