Македонија
8. July 2015 - 17:25

Гуштеров: Општина Центар ми ги урива гаражите

Општина Центар го спроведува уривањето на моите гаражи на Водно. Бизнисменот Ристо Гуштеров во изјава за Сител го смести градоначалникот Жерновски во средиштето на нов мегаскандал.

Спротивно на ова пред само 4 дена, Андреј Жерновски, по разговорот со Гуштеров ја пренасочи одговорноста за случајот кон владата и премиерот Никола Груевски.

Во последните неколку дена медиумите пишуваа дека Жерновски се меша во овој случај за да направи политички конструкт во кој ќе биде вмешана Владата, иако се работи за приватен спор помеѓу Ристо Гуштеров и семејството Стефкови.

Конструктот на Жерновски оди дотаму што општината со која раководи ги однесе машините за уривањето на гаражите на Гуштеров, а тој отиде да протестира против рушењето.

Стевкови објавија дека земјиштето го добиле со денационализација, и сега бараат да се рушат дивоградбите на Гуштеров за да се изведе пат до нивната парцела,

Гуштеров тврди дека судскиот спор со Стефкови не е за патот, туку за денационализацијата, а гаражите не се дивоградби и се во сопственост на Македонија, а под негово владение.

По скандалот со идејата да се изгради Бензинска на местото на пазарчето Буњаковец, Гаражите на Гуштеров се втор голем скандал во кој е вмешан Жерновски за само еден месец.

И покрај тоа што неколкупати се обидовме да стапиме во контакт со него, и да го прашаме за став како засегната страна, градоначалникот на Општина Центар не одговараше на нашите телефонски повици.