Македонија
18. November 2015 - 17:16

Груевски: Заедно со граѓаните ја пишуваме новата програма - Посакувам бомбардирање со идеи, не ветуваме чуда, ветуваме макотрпна работа

За секого имаме место, за секого имаме време, од секој очекуваме многу. ВМРО-ДПМНЕ стартуваше со прибирање идеи од граѓаните за новата предизборна програма со која владејачката партија повторно ќе ја бара довербата на народот на априлските избори. Премиерот Груевски со силна порака, заеднички со граѓаните го продолжуваме походот за подобар живот

Груевски во својот говор потенцираше дека огромен дел од веќе реализираните проекти дошле како идеја токму од граѓаните и затоа, народот програмата на ВМРО-ДПМНЕ ја чувствува како своја. Тој истакна дека зад неговата партија стојат делата ветени и реализирани во претходните изборни програми.

Од денеска, ВМРО-ДПМНЕ го стартува својот поход по идеи. Од владејачката партија најавуваат тимови низ цела Македонија и редовни трибини со граѓаните

Груевски не ја криеше увереноста дека заедно со граѓаните ВМРО-ДПМНЕ ќе креира програма која ќе ја добие поддршката на априлските избори

ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија на македонската политичка сцена која пред граѓаните излегува со изборна програма во која детално се прецизирани сите проекти како и роковите за нивна реализација и финансиската конструкција. На крајот на секој мандат, партијата излегува и со отчет пред граѓаните. Ваквиот пристап на најголемата политичка партија до сега и донесе девет последователни изборни победи, а партискиот рејтинг и натаму останува 2 пати повисок од оној на опозицијата.