Македонија
14. January 2016 - 21:43

Груевски: Заеднички ќе обзнаниме една нова ера на визија, на акција и на резултати

Премиерот Никола Груевски во вечерашното обраќање за јавноста порача дека наскоро заедно со народот ќе обзнани една нова ера на визија, на акција и на резултати.

- Со нетпрение ги чекам сите идни разговори со вас на терен, затоа што тоа е мојот план, да бидам постојано со вас и да разговараме и да се договараме за заедничката иднина на нашата татковина. Ќе споделуваме идеи и планови, проекти, мерки, чекори и мислења како да се подобриме и што дополнително да направиме. Заеднички ќе обзнаниме една нова ера на визија, на акција и на резултати, рече Груевски во обраќањето.