Македонија
11. February 2017 - 21:45

Груевски за платформата, за СЈО, за двојазичноста, за новите инвестиции

Одговарајки на прашањето за платформата на албанските парти, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ порача дека нема да потпишат платформа која нема да донесе мир во државата.
– Ние на ДУИ им кажавме дека не можеме да прифатиме платформа потпишана во друга држава и да разговараме. Ние препознавме дека станува за обид за репреговарање на охридскиот рамковен договор. А, ние знаеме дека многу пати имавме сугестии од сите страни дека тој диоговор е тешко издоговаран и дека не треба да се мисли за негово репреговарање, зошто и другите заедници би излегле со свои барања како и мнозинската заедница. Така отвораме една пандорина кутија која не сум сигурен дека може лошо да заврши, рече Груевски.

– Се треба да има логика во политиката. На Албанците на овие избори им се нудеше нешто што нема да им донесе подобро. Што имаат тие ако има двојазичност во Берово, Штип, Демир Капија… Ние рековме да се збори за тоа во општини каде има најмалку 20% од било која етничка заедница, за ако треба и другите да добијат нешто. Да видиме, дали има нешто логично и што оставрува некои човекови права односно да им го подобри животот на луѓето, а не само да се фалат политичарите дека нешто направиле, додаде Груевски.

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ во интервјуто порача дека нема да се откажат од работење за доброто на граѓаните.
– Ако СДСМ го направи тоа и ја прифати платформата, ние сме подготвени да одиме во опозиција и ке направиме се што е во наша моќ да не се прифатат такви барања кои ќе го нарушат мирот. Сакаме да им помогнеме на сите граѓани да имаат подобар живот, преку економија, работни места, пензии, плати и подобри можности за сите. Ние сме луге кои држиме до даден збор и нелогични работи нема да прифаќаме. Ние не сме против Албанците иако медиумите на Сорос не оцрнија и создадоа лоша перцепција за нас, рече Груевски.

СЈО беше спомнато во самиот почеток на преговорите и беше укажано дека сакаат да биде продолжен мандатот, а од наша страна рековме дека не сакаме и тоа беше аргументирано. За СЈО се зборуваше еден само еден ден од сите денови на преговори вели Никола Груевски во интервјуто на Тв Нова.

-Се затвори прашањето констатирајќи дека имаме различни гледишта. Јас мислам и сум убеден и дека ДУИ нема да  признае дека и нивното мислење е изнудена но неа да навлезам во тоа. Тие претставија дека сакаат да се продолжи ние кажавме аргументи. Прво дека имаме договор пржински кој е потпишан од 4 партии во присуство на меѓународни претставници и требаше да биде излез од кризата. Тој договор ние го почитувавме со сите рокови обврски  повлекување на премиер …смена на министри, закони,заменици министри  и ред други работи. Вклучително и СЈО. За СЈО беше договорено до сите присутни дека 18 месеци се доволни за да се истражат сите работи дека ако се оцени да отворат обвинение и потоа да има рок за судски рочишта. Сите беа свесни за колкав материјал е тоа од  креирани материјали. Се согласивме сите и ние тоа го почитувавме. На 30 јуни завршуваат 18 месеци иако стана јасно во меѓувреме дека СЈО е инструмент на надворешни центри и за остварување на други цели тоа го гледаат и помачлите деца кои не разбираат политика. СЈЈО покажа дека е крајно селективно на таргет е само една политичка партија, за дуи нема ништо за СДСМ нема ништо иако тие велеа дека за нив има најмногу материјали. Се е сконцентрирано на една партија. Но е толку очигледно дека се алатка на СДСМ и странски центри што тоа не може да се премолчи. Нивните прес конференции се исто ко на СДСМ, вели Груевски.

Тоа е тим кој е исклучително на своја политичка агенда а тоа е уривање на раководство и парија по секоја цена без елементарни докази.

-Тие се чувствуваат силни затоа што сметаат дека некој ги штити. И така зборуваат меѓу себе и знаат дека се дел од своја мисија, мисијата има име тоа е ВМРО-ДПМНЕ.

Беше видлив обидот на СДСМ и на нивните сојузници да ги променат резултатите преку т.н. изборен инженеринг, но и тоа не им успеа, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за ТВ НОВА.

„Ги вложија сите максимални напори, но и тука коалицијата на ВМРО и коалицијата „За подобра Македонија“ успеја само заради поддршката на народот. Главна карактеристика на нашето работење во изминатиот период беше тоа што се потпиравме на народот. И кога се потпирате на народот, тоа го правите откако претходно сте убедени дека сте на таа позиција за да му помогнете на тој народ. Поради тоа во изминатите години бев фокусиран на економијата, инвестициите, отворањето нови работни места, земјоделието, образованието, апарати за здравството“, потсети Груевски.

Додаде дека како партија секогаш ја сфаќале политиката како можност да ги услужат граѓаните, за разлика од СДСМ кои на неколку наврати го изневерија народот и како последица на тоа тој тешко тешко им возвраќа со поддршка.

Преговорите со ДУИ пропаднаа и не беше искористен првично мандатот за создавање на влада бидејќи главен проблем беше барањато за воведување на двојазичност на целата територија на Македонија што е неприфатливо, изјави Груевски.

– Откако не успеаја плановите за постизборен инжинеринг стана јасно дека тежиштето на борбата се префрла со притисоци врз преговорите за формирање на влада со коалициониот партнер ДУИ што на почеток одеше во позитивна насока. Со оглед на распоредот на пратеници знаевме дека ќе биде тешко да се формира влада, но не одевме веднаш да бараме нови избори. Со ДУИ од старт видовме обиди за одложување на преговорите поради внатрепартиски несогласувања. Потоа бевме соочени со барањата на ДУИ со конкретен закон доставен на хартија за двојазичност на цела територија за изедначување на албанскиот со македонскиот јазик. Им кажавме дека е нелогично да има двојазичност каде Македонците се 65%, а Албанците се 25% кои живеат пред се во северозападна Македонија каде веќе уживаат голем број на етнички права, особено со Рамковниот, вели Груевски.

– На маса беше ставена и платформата која ја одбивме бидејќи е составена со други партии и во друга држава. Препознавме дека станува обид за ре-преговарање на Охридскиот рамковен договор. Тој е тешко постигнат и не треба да се менува, што ако помалите етнички заедници, па дури и македонската заедница излезат со свои барања. Со тоа ќе отвориме една Пандорина кутија која нема да донесе нешто добро. Им кажавме дека не сакаме да разговараме за платформата, туку за поединечни конкретни разговори, посочи Груевски во интервјуто за ТВ Нова.

Јас на граѓаните во многу наврати им предочив дека доколку нема јасна победа со 63 пратеници тоа ќе биде можност кризата да биде продолжена, тоа го сакаат некои сили, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на Тв Нова.

-Тоа не се случи затоа што некои работи се изместија со многу фактори. Сега кризата продолжува само се менуваат одредени фази има одредени разлики но продолжува и тоа не е добро. Нам ни требаат пред избори со јасна победа. Ако изгубиме со еден пратеник ние нема да играме како СДСМ со националните интереси, затоа што така  и државата ќе губи. Ние тоа нема да го правиме како СДСМ, ќе се бориме во парламентот но нема да бидеме како нив. Изгубија па излегоа на прослава и до ден денес тоа го зборат. Колку треба да немаш интегритет за секој ден да зборуваш дека си победник. Нека има избори да видиме кој ќе победи нека одбере народот. Но потоа да се овозможи да се формира влада и да се остварат целите, рече Груевски.

Доколку СДСМ ги прифати барањата на ДУИ, ние сме подготвени да одиме во опозиција и како опозиција ќе направиме се што е во наша моќ да не се прифатат во Парламентот барања кои се нелогични и штетни за целата држава, изјави во интервју за ТВ НОВА, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-Со вакви барања не им се помага ни на Македонците ни на Албанците, туку само ќе им ги нарушат мирот и стабилноста и ќе создадат дополнителна нетрпеливост која во некои случаи е видлива и ќе не раскара дополнително, смета Груевски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ како партија би сакала да им помогне на сите граѓани.

-Ние сакаме да им помогнеме на сите граѓани, и на Македонците и на Албанците и на Турците, Ромите, Власите, Бошњаците, Србите и другите да имаат подобар живот преку економијата, нови работни места, зголемени плати, пензии, социјална помош, вработувања, подобри можности за младите, постарите, пензионерите, земјоделците, образованието и здравството. Сакаме да помогнеме и ако некаде има проблеми со употребата на јазикот, но да е логично, објасниво и кога ќе го каже некој некаде да се разбере. Но не да е нешто нелогично, со што некој сакаше да направи пресврт во изборите, да ги залаже албанските гласачи со некои национал-романтични понуди со кои во суштина нема да добијат ништо посебно, но ќе направат голем проблем и штета насекаде низ државата, вклучувајќи и големи финансиски издатоци и проблеми во секојдневниот живот, посочи тој.

Како политичар имам опоненти, тие се од земјата но некогаш ако земјата е мала и ако некој друг од надвор, личности или земји имаат поинакви планови тие стануваат ваши противници и својата големина и можат да ја користат за да ги променат тековите за да ве отстранат од власт и да ги остварат нивните интереси.

-Тие нема да ја кажат вистинската цел туку ќе се обидат да ве направат криминалци, корумпирани, лоши луѓе, монструми дека сте убивале луѓе, дека сте краделе за народот сам да ве смени. Многу е јасна ситуацијата. Македонија не е прв. Секој политичар кој ќе застане цврсто зад интересите на народот треба да биде свесен за ова. Јас бев подготвен на тоа. Кога ги бранев националните интереси свесен бев дека ќе бидам нападат и затоа на нозе го издржав ова и имам уште сила, рече Груевски, кој додаде дека силата ја црпи од народот.

 

Груевски: Германска компанија донесе одлука за инвестиција, а ќе се гради и нов рудник за јаглен со 1000 вработувања

Германска компанија има донесе одлука за инвестиција и ќе вработи 100 вработени од она што го разбрав ќе биде во Желино и станува збор за компанија за производство на седишта и ќе биде добавивач на Ван Хол, рече Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа инвестиција е резултат на досегашните добри политики за привлекување на инвеститори и покрај 2 годишната криза.

-Има и други со кои се водат преговори кога ќе иде конечна одлуката, а името кога самата компанија ќе го открие. Во нашата програма има во план и се работи на тоа да се отовори нов рудник за јаглен и централа за струја, помеѓу Делчено и Пехчево од 200 мега вати. Истражувањата кои се при крај и се завршија во еден дел , покажа дека таму има руда за околу 30 години и тоа високо калоричен јаглен, 200 кв е 1/3 од РЕК Битола. Тоа ќе значи многу но ќе значи и за луѓето ќе отвори ќе вработи околу 1000 луѓе индиректно и директно, рече Груевски.

Физибилити студијата ќе биде готова во април. Но во 2019 ќе почне градбата на рудникот па централата, инвестицијата ќе биде од 200 милиони евра и тоа во дел на Македонија каде има многу невработени и ќе значи енергетско зајакнување на капацитетите на Македонија.