Македонија
21. January 2017 - 16:16

Груевски за ,,Газета Експрес‘‘: Неможеме да се делиме по етничка линија, инвестициите носат добор за сите

Имам премногу минат труд во оваа држава, премногу сработено за овој народ, за да некои моќни центри, со таква валкана игра можат да ме прикажат пред луѓето она што не сум, вели лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски во интервјуто за најчитаниот електронски медиум на албански јазик на Балканот “Газета експрес”. Поради тоа и бев сигурен во победата на овие избори, бидејќи верував во народот за кој се борев во овој период, дециден е Груевски.
 
Прво, овие освоени гласови во 2016та покажаа дека во 2014та сме имале кристално чиста победа без никакви нерегуларности. Второ, после се она што се случи, после сите напори, потрошени пари, платени протестанти, напори на странски влади, дивеење по улиците низ земјата, политичка криза со сериозен притисок врз економијата, после истурени милиони евра во медиуми кои ме оцрнуваа, до бескрај, без ни малку балансираност во нивните емитувања...Дали го очекував овој резултат. Да, очекував победа, верував во народот, за кој и се борев во овој период. Ако нешто ми беше најслилен мотив во таа борба, беше довербата и поддршката која ја чувствував од мнозинството народ. Жалам што кај дел од народот, кај малцинството народ, им успеа, барем засега таа пропаганда, а особено помеѓу Албанците во Македонија, но тоа е друга тема...
 
Во однос на прашањето зошто партијата ДУИ добила помалку гласови во однос на претходните избори, првиот човек на ВМРО ДПМНЕ анализира дека тоа е резултат на пропагандата на одредени медиуми финансирани од СОРОС, но и недоволната посветеност кон работата на дел од функционерите на оваа партија.
 
Прво, како и ние и тие подолго се на власт, па колку и да работиш и да се трудиш и да имаш добри резултати, во едно демократско општество долгото владеење има последици кај некои од гласачите. Второ, одредена пропаганда од медиумите и НВО кои ги подржува Сорос, која се водеше кон нас, делумно се насочи и кон нив заради наше слабеење и нивно ставање во ситуација да ги прекршат своите принципи и спротивно на нивното мислење да и тие се свртат кон нас. Тоа се случува и сега. Трето, невелам дека и кај нас немаше такви слабости, но мислам дека кај нив имаше уште поголем простор за подобрување во кадровската политика, за што јас повеќе пати укажував на нашите средби. Некои луѓе со својот однос и работа, недоволно допринесоа, и сигурен сум дека тие можеа да привлечат и понудат поквалитетни кадри на сите нивоа на власта. Иако имаа функционери кои солидно ја работеа својата работа, имаа и многу за кои тоа не можам да го потврдам. И четврто, мислам дека партијата и нивните функционери беше премногу фокусирана на колективните националните прашања, а не доволно на индивидуалните проблеми на граѓаните.
 
Груевски вели дека ВМРО-ДПМНЕ во целост го подржува склучениот договор од јуни-јули 2015 година по прашањето поврзано со мандатот на СЈО.
 
Имаме договор и тој треба да се испочитува, а не да се менува.  Не подржуваме промени на договор за кој еднаш сите сме се согласиле заедно, јавно и со консензус, и со тоа показавме дека сакаме да се истражи се што беше причина за негово формирање, и за таа намена овозможивме целосна логистика на Специјалното јавно обвинителство. Особено што причините кои ни беа дадени, се целосно неаргументирани, и е јасно дека позадината е нечиј интерес кој нема врска со правото и правната држава, туку со политички инспирирани цели за многу покрупни прашања.
 
По прашањето поврзано за подобрувањето на животот на Албанците во Македонија, Груевски вели дека владата која што била предводена од ВМРО ДПМНЕ имала ист пристап кон сите граѓани на Македонија.
 
Во нашиот мандат се изградија огромен број проекти во северозападна Македонија, каде главно се концетрирани Албанците. Од темелни реконструкции и огромно опремување со најсовремени апарати на болници, како онаа во Тетово, во Гостивар, опрема во Струга, сега се гради ургентен центар во Куманово и нова болница во Кичево, преку градба на автопат Кичево Охрид, реконструкција на стариот пат Тетово Гостивар, многу важен за селата, 7 или 8 нови спортски сали во Тетово и не знам колку во другите градови, темелна реконструкција на албанскиот театар во Скопје, градба на театар и библиотека во Тетово, стотици нови или реконструирани локални патишта, темелни реконструкции на регионални патишта, многу нови водоводи и канализациски мрежи, пречистителни станици, огромен објект на универзитетот во Тетово со спортска сала, реконструкција на многу училишта каде целосно или во најголем дел учат деца Албанци. Но што е уште поважно донесовме и крупни мултинационални компании кои изградија фабрики и нудат нови работни места за луѓето во тие региони. Ние не можеме да се делиме по етничка припадност.
 
Македонија го призна Косово во 2008 година, во периодот кога премиер на нашата земја беше Никола Груевски. Тоа беше тежок и многу опасен чекор од наша страна, имајќи предвид дека поголемиот дел од граѓаните во Македонија имаат добри односи со нашиот сосед Србија.
 
Направивме долга и длабока подготовка за ова и конечно донесевме одлука. Србите беа лути, а подоцна тие направија неколку потези со кои ни покажаа дека ни замеруваат. А и ден денес гледаме бес од страна на министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ. Тој беше повеќе од директен велејќи дека Србија направи грешка што ја призна Македонија под нејзиното уставно име, затоа што го признавме Косово и поради нашето гласање за Косово во УНЕСКО. Ризичен чекор направивме во тоа време.
 
Една од работите кои ќе бидат приоритет за во следниот мандат на Груевски е поголемо присуство кај Албанците, особено преку медиумите, за да им ги пренесе своите пораки и да им ги појаснува нештата, со што Албанците полесно ќе сватат кои се неговите намери.
 
Кога одам кај Албанците, тие ме дочекуваат позитивно. Во многу случаи, сум бил во многу различни градови и села каде што живеат, во добри и во тешки времиња за Албанците, како за време на поплавите во Шипковица. Јас бев првиот политичар кој отиде во Шипковица да им помогне на луѓето и директно да учествувам и да бидам на местото каде што граѓаните се соочуваат со проблеми и директно да видам дали нашите институции добро си ја работаат. Луѓето не беа задоволни, па веднаш им се јавив на сите, сите функционери се вклучија во дополнителни активности за санација и тогаш граѓаните беa, многу задоволни.