Македонија
19. May 2017 - 19:44

Груевски: Во патната инфраструктура вкупно се инвестирани над 800 милиони евра

Се гради  патниот правец Скопја- Куманово.  Целосно треба да биде готов до крајот на годинава. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Груевски  изврши увид во градежнте работи.

-  Патниот правец од  Скопје према Куманово е  со должина од 23 киломентри вкупна инвестиција 5 милиони евра.

Ќе има три ленти и значително ќе го олесни проток и на патници и на стока.

Од Куманово пак према Скопје е рчеиси целосно готово. Изградбата на ововј автопат е само еден дел од реконстуркцијата на Коридор 10.

Паралелно се градат уште три нови автопати. Од Демир Капија до Смоквица, кој треба целосно да биде готов за два месеци, Скопје Свети Николе- Штип и Кичево Охрид во вкупна должина од 132 километри.

Освен изградба на нови автопати. Се реконструираат и патарините. Наплатната рамка кај Романовце речисицелосно готова, а  за брзо време ќе почне модернизацијата и на останатите на  Коридорот 10.

Груевски денеска изврши увид и во градежните работи на новата зграда на министертво за транспорт и врски. Над 90 отсто од објектот е завршен. Во јуни сите служби на минисетртвотот се очекува да се сместат во новите простории.