Македонија
24. July 2016 - 19:08

Груевски во Општина Дебарца - Нови плажи и пешачки патеки во охридско и преспанско - канализација за Горенци

Новоизградената пешачка патека покрај кејот на Охридското езеро заедно со новата плажа која треба да стартува koн крајот на годината или почетокот на следната ќе придонесе за развој на туризмот во општина Дебарца. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски  заедно со мин.за транспорт и врски Мисајловски и градоначалникот на Дебарца Трајковски денеска ја посетија патеката за која се инвестирани 200 илјади евра но ќе биде проширена со нови содржини  а ќе се гради и модерна плажа со платформи ресторан мало пристаниште налик на плажите во Преспа и Дојран.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски изврши увид и на активностите при изградбата на канализационата мрежа во село Горенци .Станува збор за инвестиција од 250 илјади евра од агенцијата на владата за рурален развој која ќе биде готова до крајот на август.Околу 350 жители на ова село ќе добијат канализациона мрежа и редовен доток на вода .

Во Дебарца се инвестира и во асфалтирање на нови улици и тротоари со што се подобрува патната инфраструктуа во овие населени места.

Груевски при посетата во општина Дебарца оствари средба и со жителите на селото Ботун  тие побараа можност за изградба на индустриска зона  беа понудени неколку локации за кои ќе се одлучува на влада ,да има рурални амбуланти и некои проблеми  од индивидуаен карактер за кои им беше ветено дека доколку се во рамките на законот истите ќе им бидат решени.