Македонија
28. May 2017 - 17:08

Груевски во обиколка на албанскиот и турскиот театар

Албанскиот народен театар ќе биде готов до крајот на годината. По 40 години постоење темелно се  реконструира  а инвестицијата е 8 милиони евра. Објектот е на површина од 4300м2 ќе има две театарски сали со модерни сценски технологии. Министерката за култура заедно со лидерот на ВМРО ДПМНЕ и директорот на театарот извршија увид на објектот.

Пред три години почна изградбата и на турскиот театар кој е сместен во центарот на  градот близу железничката станица. Оваа национална установа за прв пат добива свој објект со најсовремени услови и сопствен паркинг за љубителите на театарот.  

За три години турскиот театар ќе одбележи  јубилеј од 70 години, а до тогаш директорот се надева дека сцената ќе биде завршена и ќе се одигра првата претстава .